Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
Жител на неготинско Криволак бил лишен од слобода рано изутрина, по пријава дека нападнал малолетник, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Денеска во 3:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода С.А., на возраст од 25 години од село Криволак, неготинско, постапувајќи по пријава од С.Ј., на 52-годишна возраст од село Криволак, дека во близина на училиштето во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.А., појаснија од СВР - Велес.
Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, како што беше посочено, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа