Пронајден починат маж на паркинг, пожарникари го сечеле возилото - Уште еден хорор во регионот
Уште еден хорор деновиве го потресе регионот кога на паркинг во Пожаревац, Србија, било пронајдено безживотно тело.
Според информациите кои ги пренесуваат српските медиуми, телото било забележано синоќа околу 20 часот, а случајните минувачи кои ја здогледале страшната слика, веднаш ја информирале полицијата и Брзата помош.
На местото на настанот стигнале и пожарникари кои морале да го сечат возилото, за да го извадат починатиот.
Засега не е познат идентитетот на починатиот маж, ниту тоа во какви околности починал.
12.06.2025 - 08:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа