Проверувајте ги сметките: УЈП со важно соопштение за сите кои скенираат фискални

 

Управата за јавни приходи ја започна исплатата на средства за скенираните сметки за првото тримесечје од 2025 година.

- За првото тримесечје од 2025 година кон 496.531 корисници на апликацијата МојДДВ ќе се исплатат вкупно 790,5 милиони денари. До 19 Мај, исплатени се 240 милиони денари кон 152.000 корисници на апликацијата МојДДВ. Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ, известуваат од УЈП. 


 

 Оттаму напоменуваат дека во овој момент 4.724 корисници кои скенирале фискални сметки имаат наведено погрешна трансакциска сметка и поради таа причина УЈП не е во можност да го реализира повратот.

- Апелираме сите корисници кои во претходните исплати немаат средства на сметките да направат проверка на податоците за трансакциските сметки, доколку увидат неточни податоци за трансакциската сметка истите може да ги сменат директно во апликацијата. На тој начин Управата за јавни приходи ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ, велат од УЈП. 

Од УЈП споделија и кои се најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:

– Погрешно внесена трансакциска сметка

– Внесена трансакциска сметка на друго лице

– Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка

– Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната

Доколку имате потреба од поддршка или информации, јавете се во Контакт центарот на УЈП на следните броеви, од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200, или преку меил-адреста [email protected].

26.05.2025 - 08:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега