Разбојник од Битола уапсен по серија напади: За еден час извршил три разбојништва

 


Вчера во 17 часот на ул. „Прилепска “ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.С.(23) од Битола поради сомнение за сторени три кривични дела „разбојништвo” на подрачје на Битола. Имено,  истиот ден во 15.20 часот С.С. на крстосницата од улиците „Мирка Гинова “, „Ѓорги Наумов” и „Солунска“ од А.В. (27) од Битола со употреба на сила одзел чанта.  Околу 15.30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска” и „Македонска фаланга” кон село Кравари, С.С. од С.К.(56) од  с.Кравари со употреба на сила одзел чанта, а потоа на ул. „Партизанска“ и од Л.М.(57) од Битола одзел чанта и ја турнал на земја.

Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Битола и С.С. е лишен од слобода. По документирање на настаните, ќе биде поднесена соодветна пријава.

30.05.2025 - 11:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега