Шеј: Конечно дојде време САД да дејствуваат решително и да го бранат својот сојузник
Американската амбасадорка во ОН, Дороти Шеј, ги бранеше воените напади на САД врз Иран, велејќи дека „конечно дојде време САД решително да дејствуваат во одбрана на својот сојузник и сопствените граѓани и интереси“.
-Иранската влада веќе 40 години повикува на смрт на Америка и Израел и претставува постојана закана за мирот и безбедноста на своите соседи, САД и целиот свет, рече Шај на вонредниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, објави Си-Ен-Ен.
Таа предупреди дека Иран не треба да ја ескалира ситуацијата.
-За да ја исполни својата суштинска мисија за одржување на меѓународниот мир и безбедност, Советот за безбедност мора да го повика иранскиот режим да ги прекине своите 47-годишни напори за уништување на Израел, да ги прекине своите напори за набавка на нуклеарно оружје и да престане да ги таргетира американските граѓани и интереси, како и да преговара за мир со добра волја за просперитет и безбедност на иранскиот народ и сите други земји во регионот“, рече американската функционерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа