Словачки државјанин убил тројца луѓе во Германија
Вчера попладне, 37-годишен словачки државјанин се предаде на австриската полиција во Линц и го призна убиството на три лица во Баварија. Според првичните информации, телата се пронајдени во куќа во градот Цвизел во округот Реген, каде што живее самиот осомничен. Германските медиуми јавуваат дека едно од телата било распарчено и скриено во фрижидер, пишува Fenix Magazin.
Полицијата на Долна Баварија потврди дека мажот е привремено уапсен и дека во моментов се преземаат мерки за негова екстрадиција во Германија.
Жртви од истата куќа, мотивот сè уште непознат
Според информациите објавени од полицијата во вторник, меѓу жртвите се 22-годишна жена и 56-годишен маж, двајцата германски државјани. Идентитетот на третото лице сè уште не е официјално потврден, но се претпоставува дека станува збор за друга жена.
Сите жртви, како и осомничениот, живееле на истата адреса. Германските истражители засега не сакаат да шпекулираат за употребеното оружје или за природата на повредите што ги претрпеле жртвите. Мотивот за тројното убиство е исто така непознат.
Злосторството се случило во таканаречена „проблематична куќа“
Куќата каде што се случило злосторството веќе ѝ била позната на локалната полиција. Станува збор за зграда која со години има лоша репутација поради честите инциденти. Според медиумските извештаи, таму живееле луѓе со запуштен изглед, честопати под дејство на алкохол, а извештаите за неред и насилство биле редовни.
„Ја знаеме адресата. Таму живееле околу десетина луѓе, а дворот бил полн со ѓубре“, потврди портпаролката на полицијата. Куќата веднаш била запечатена по откривањето, а другите жители биле привремено сместени на безбедно место. Форензичари се на местото на настанот, а истрагата ја водат Јавното обвинителство Дегендорф и кривичниот оддел од истиот град, а истрагата е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа