Судир меѓу ДУИ и ВЛЕН околу „српскиот капитал“
Во албанскиот политички блок се отвори нов фронт – ДУИ и ВЛЕН влегоа во жесток меѓусебен судир обвинувајќи се за вовлекување на „српскиот капитал“ во Македонија.
ВЛЕН ја нападна ДУИ дека дозволила продор на српски компании, меѓу кои и телекомуникацискиот оператор „МТЕЛ“, што според нив претставува воведување на „српскиот свет“ во срцето на државата. Дополнително, ја обвинија партијата на Ахмети дека преку Бујар Османи работи во интерес на Белград и против Косово.
ДУИ возврати со тврдење дека токму ВЛЕН во својата програма за 2024 година ветила основање на „Албанска банка“ со капитал од дијаспората, а сега шири лажни вести. Според нив, државата мора да внимава стратегиски институции да не паднат под влијание на дестабилизирачки интереси.
Оваа препирка доаѓа во предизборен период, кога темата за „српското влијание“ станува сè почесто оружје во меѓупартиските напади во албанскиот политички камп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа