Tаравари очекува со Европскиот фронт дупло повеќе гласови од Вреди
Само човек којшто е апсолутно чист може да излезе во опозиција, без да му трепне око, порача вечерва лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
– Да имаше притисоци ќе останев во Влада. Не знам некој поради пристисоци да оди во опозиција, тоа се шпекулации. Никогаш немало притисоци ниту од другата страна, никогаш во животот не сум потпаднал под притисоци. Во 2017 година во Гостивар имав соработка со ВМРО-ДПМНЕ во локалната власт и имав притисоци од централнтата власт. Централната власт е таа што може да прави притисоци, не може опозицијата. А кога ќе дојде момент да потпаднам под притисок, ќе нема да се занимавам со политиката – рече Таравари во Вести Плус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа