Тепачка на градилиште во Аеродром: Двајца нападнати за време на работа
Завчера во 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на плац на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, А.Ј.(35) и Д.Ј.(65) од Скопје, кои што извршувале градежни работи, биле физички нападнати од А.С.(46) и Н.М.(50), исто така од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
21.07.2025 - 17:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа