Трамп ја отстрани Романија од програмата за безвизно патување во САД

 


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранува Романија од програмата за безвизно патување во САД.

Претходната администрација на претседателот Џо Бајден на 9 јануари објави дека ја прифаќа Романија во програмата, нагласувајќи дека државата ги исполнила строгите безбедносни барања. Визите за романските граѓани требаше да бидат укинати околу 31 март.

Сепак, на крајот на март, Министерството за внатрешна безбедност објави дека ја замрзнува мерката со цел повторно да се разгледа одлуката за вклучување на Романија во програмата за безвизно патување во согласност со загриженоста на администрацијата на Трамп за безбедноста на земјата. Резултатот од повторната проценка е дека Романија е отстранета од програмата, јавија синоќа американските медиуми.

03.05.2025 - 10:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега