ВИДЕО: После силниот дожд по ѕидовите почнала да им тече жолта течност - веднаш повикале помош

 

Кога минатата недела мед почнал да се слева по ѕидовите од собата, пар од Пенсилванија открил дека во поткровјето има колонија од повеќе од десетина илјади пчели.

Андреа Изабел и нејзиниот сопруг Џастин живеат пет години во сто години стара куќа во Перкасиј. Досега немале поголеми проблеми, но после силната минатонеделна бура забележале дека нешто жолто тече по ѕидовите. Ден подоцна, подобро погледнале и сфатиле дека станува збор за мед.

„Никогаш немаме слушнато зуење. Кога почна да тече погледнавме над нас“, рекла Андреа.

Парот открил дека пчелите влегуваат над прозорот од спалната соба во поткровјето, а пчеларот кој го викнале на помош потврдил дека станува збор за колонија од 20.000 до 30.000 пчели на кои дождот им го измил медот од кошницата. Пчеларот ја отстранил колонијата од куќата и ги преселил во својот пчеларник, а на сопствениците им останало од свој џеб да го подмират поправањето на штетата од околу 3.000 долари дома.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега