ВО ЖИВО: Чествување на големиот празник 2 Август Илинден во Скопје
Премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието.
Потоа ќе положи цвеќе и пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“, како и на споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“.
Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ја предводи и партиската делегација што чествува во Ташмаруништа.
Таму ќе положи цвеќе заедно со Ален Деребан, претседателот на ОК Струга, и пратеникот Јован Јаулески.
Следете го настанот во живо:
02.08.2025 - 10:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа