Возел со 3.16 промили алкохол: Штипјанец се забил во друг автомобил

 


Полициски службеници од СВР Штип и од ОВР Берово вчера ги лишиле од слобода Х.П. (32) од Штип и В.П. (39) од Пехчево бидејќи управувале возило и мопед под дејство на алкохол во концентрација од најмалку 1,50 г/кг во крвта.

Како што информираат од МВР вчера околу 23:00 на улица „Маршал Тито“ во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н. (63) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека Х.П. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,16 промили алкохол во крвта.

При сообраќајна контрола на улица „Страшо Пинџур“ во Берово, полициски службеници вчера во 19:54 часот сопреле мопед со пехчевски регистарски ознаки, кое го управувал В.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,18 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настаните, од МВР информираат дека против двајцата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. 

18.06.2025 - 11:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега