Заборавете на испукани раце: Овој пилинг од 3 состојки веднаш ја омекнува испуканата и груба кожа

 

Рацете се изложени на многу штетни влијанија, а поради честото миење кожата брзо се суши, па затоа е неопходна дополнителна нега за таа да остане хидрирана и мека.

За таа цел е потребно да правите пилинг на рацете најмалку еднаш неделно со добри природни состојки за да ги отстраните мртвите клетки на кожата, да ја подобрите циркулацијата и да ја потхраните кожата на рацете.

За пилингот ви се потребни крупен кафеав шеќер, малку маслиново масло и сок од половина лимон или лимета. Во пилингот можете да додадете и неколку капки од омиленото етерично масло.

Смесата можете да ја припремите и без маслиново масло, само во комбинација на шеќер и лимон, но во тој случај е помалку ефикасна. Откако ќе завршите со пилингот, измијте ги рацете со нежен сапун и млака вода и нанесете хидратантна крема.

Совет плус: Како на телото, така и на рацете им годи масажа. По пилингот, измасирајте ги рацете со хидратантна крема, а постапката повторувајте ја секоја вечер пред спиење, најмалку 5 минути. Доколку вашата кожа е премногу груба, во кремата додадете малку вазелин и вашите раце ќе бидат потполно меки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега