Загина пробиштипјанец, со камион се паркирал на бензинска и излегол, по што бил прегазен од друг камион
Вчера околу 17:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека во круг на бензинска пумпа во Виница, товарно возило „ман“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(54) од Пробиштип, удрило во Љ.П.(72) од Пробиштип, кој претходно излегол од паркирано товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки.
По несреќата Љ.П. е пренесен во Општата болница Кочани, каде што лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница и јавен обвинител, по чија наредба околу 20:10 часот возачот С.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа