Заталкани куршуми оштетија домови и продавници во Скопје
Заталкано зрно од огнено оружје оштетило два објекта во Скопје.
Како што информира МВР, првиот случај вчера бил пријавен во СВР Скопје. Е.Л.(37) од Скопје пријавил дека вчера околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.
Во вториот случај исто така бил пријавен во СВР Скопје. Б.С.(51) од скопското село Љуботел пријавил дека вчера околу 15:20 часот на подот во продажен објект на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.
Полициски службеници од СВР Скопје ги подигнале зрната за понатамошна постапка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа