Зголемен број на одобренија за градење во јули: Предвидена е изградба на 667 нови станови

 


Во  јули година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци, кој е со вредност од 500 милиони евра. 

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (56.9 %) се наменети за објекти од високоградба,  46 (11.5 %) за објекти од нискоградба и 127 (31.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 401 објект, на 232 (57.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (42.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60 676 м2.

10.09.2025 - 13:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега