7 милиони евра од ЕУ за чиста Преспа: Почнуваат проектите за третман на отпадни води во шест села
Амбасадорот на Европската унија во земјава Михалос Рокас, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, Светскиот ден на животната средина ќе го одбележат со започнување на работи финансирани од ЕУ во висина од 7 милиони евра, за мрежи за собирање отпадни води и постројки за нивен третман во селата во Претор, Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и Сливница.
Претпладнево на прес - конференција во Претор, амбасадорот Рокас, постојаниот претставник на УНДП во земјава Григоријан и градоначалникот Тозиевски ќе информираат за проектните активности во функција на современо решение за отпадни води во Преспа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа