Адвокатoт Стевановски поднесе шест кривични пријавни поврзани со демирхисарската гимназија
Кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе адвокатот Жарко Стеваноски за случајот со демирхисарската гимназија. Тој во пријавата наведува дека шест службени лица и тоа градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски, директорката на училиштето што тој ја назначи, двајца просветни и двајца полициски инспектори, организирале незаконски активности за разрешување на директорката Маја Лозановска, со цел да се реализираат партиски вработувања, пренесе Телма.
„Постои основано сомневање дека во периодот мај – август 2025 година, организирано и секој во свој домен, презеле соодветни дејствија за да се овозможат партиски вработувања по распишаниот оглас за 19 технички лица и наставен кадар“ изјави Жарко Стевановски, адвокат.
Адвокатот детално ја опиша улогата на секој од пријавените. Според него, градоначалникот Најдовски побарал инспекциски надзор во гимназијата, иако претходно веќе имало извршена контрола без констатирани неправилности.
Овој пат, инспекторите утврдиле пропусти и истиот ден донеле решение со кое градоначалникот прво назначил нов директор, а потоа ја разрешил Лозановска, со што создал ситуација да има двајца директори во училиштето.
Стевановски тврди дека двајца полициски инспектори без да извршат претрес во училиштето, иако имале наредба од судија, лажно пријавиле дека директорката ги уништила печатите и барале на носилки да оди на информативен разговор иако била на боледување. Додаде дека овој случај е пример за злоупотреба на службените функции за партиски цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа