Багеји: За да продолжат преговорите САД мора да ги осудат нападите врз Иран

 

САД мора да ги осудат нападите врз Иран за да продолжат преговорите, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Исмаил Багеји.

Тој додаде дека преговорите во овие околности се „бесмислени“, а „САД се соучесник во тие напади“.

Багеји додаде и дека ако Парламентот одлучи да се повлече од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ), таквата одлука ќе биде обврзувачка.

За вчера беа закажани преговори помеѓу Иран и САД во Оман, но истите се откажани откако Израел повторно почна напади врз Иран.

Техеран соопшѕи дека одговорил на „бруталниот напад на Израел“ во операцијата „Вистински одговор 3“.

Израелската армија на 13 јуни почна операција „Подемот на лавот“ против врвните ирански функционери, воени објекти и нуклеарни научници, во една од најголемите воени ескалации на Блиски Исток во изминатите децении, во која, според ирански извори, беа убиени десетици луѓе, вклучувајќи и врвни воени функционери.

Техеран одговори во операцијата „Вистински одговор 3“ со лансирање на четири баражи од балистички ракети кон Израел, при што загинаа три лица, а десетици се повредени.

16.06.2025 - 11:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега