Трагедија ја потресе Македонија: Загина велосипедист

 


Вчера околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

16.06.2025 - 15:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега