Израел: Имаме целосна контрола врз воздушниот простор над Техеран

 

Израелската армија објави дека воспоставила целосна воздушна контрола над Техеран и дека уништила значаен дел од ракетните капацитети на Иран во последните напади, објавува Би-би-си.

„Постигнавме целосна контрола врз воздушниот простор над Техеран“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска. Во обраќање до медиумите, тој додаде дека од почетокот на израелската операција се уништени повеќе од 120 лансери за ракети земја-земја, што е околу една третина од вкупниот број што е на располагање на Иран.

Погодени се лансерите

Според него, повеќе од 20 лансери биле уништени само за време на синоќешните напади, „неколку минути пред да треба да се користат за испукување ракети кон Израел“.

Дефрин, исто така, рече дека израелските воздухопловни сили извршиле голем бран напади врз околу 100 воени цели во Исфахан, во централен Иран. Во нападот биле вклучени околу педесет борбени авиони, насочени кон ракетни складишта, системи за лансирање и командни центри.

Израел вели дека нападите се дел од поширока операција насочена кон трајно намалување на способноста на Иран да лансира ракети против израелска територија. Иран сè уште јавно не го потврди обемот на своите загуби.

16.06.2025 - 13:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега