Дуа Липа повторно предизвика скандал: „Ајварот е албански деликатес“ (ВИДЕО)

 

Дуа Липа, младатa пејачка со албанско потекло, направи вистинска драма на социјалната мрежа Инстаграм, поради најавите дека „Косово не е Србија“, и со споделување на т.н. мапа. на Голема Албанија. Набргу потоа, нејзината нова изјава дека ајвар е „албански деликатес што секој мора да го испроба пред да умре“ предизвика нова лавина од коментари.

 Имено, како гостинка во шоуто „Hot Ones“ со Шон Еванс, која на славните им поставува низа прашања додека јадат лути крилца, таа го направи овој нов хаос, ентузијастички зборувајќи за ајвар, додека на екранот се најде фотографија од тегла со „Лесковачки ајвар“.

„Што е албански деликатес што секој треба да го проба пред да умре?“ прашал водителот.

„Ајвар!“ како од топ рече Дуа, а потоа се обиде да објасни што е тоа: „Тоа е како … мешавина од печени пиперки. Во тегла е, топло е, прекрасно е и оди со сè! Со јајца, пита со спанаќ, итн. што е уште еден албански специјалитет …“, набројуваше таа, не знаејќи колку прашина повторно ќе крене.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега