ДУИ: Кога Скопје мирисаше на изгорена пластика, батерии и електронски отпад, Меџити пренесуваше во живо партиски настан

 


Додека воздухот во Скопје синоќа мирисаше на отров, Изет Меџити, кој очигледно заборавил дека е министер за животна средина, не кажа ниту збор. Не излезе пред јавноста, не даде препораки, не понуди информации, не упати ниту еден апел, се вели во соопштението од ДУИ. 

„Во време кога Скопје мирисаше на изгорена пластика, батерии и електронски отпад, кога граѓаните стравуваа за своето здравје, на Изет Меџити му беше најважно да пренесува во живо партиски настан во Чаир, како ништо да не се случува.

Го прашуваме: зошто избегавте од вонредната прес-конференција додека луѓето од Трубарево се евакуираа доцна во ноќта? Имате ли грам одговорност за позицијата што ви е доверена?
Но, граѓаните не треба да бидат изненадени од ваквото однесување.

Меџити 20 години во Чаир имаше само лични интереси, а никогаш вистинска грижа за потребите на граѓаните.

Како што вчера не мрдна со прст да помогне и да покаже дека е лидер и одговорен политичар, така и изминатите две децении во Чаир бегаше од проблемите и ги тераше своите бизнис-интереси.

Со луѓето се среќаваше само пред избори.
Затоа Чаир денес изгледа вака, запуштен, небезбеден и заборавен.

На 19 октомври, чаирчани ќе го поразат Изет Меџити, затоа што е време политиката на неодговорност и себичност конечно да стане минато“, стои во соопштението на ДУИ.

14.09.2025 - 10:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега