Еден телефонски повик ја чинеше 10.000 евра - велешанка остана без своите пари

Вчера во 18:20 часот во СВР Велес, 76-годишна жена од Велес пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето и се јавило на фиксен телефон, се претставило како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината ќерка со сопругот направиле сообраќајна несреќа и притоа прегазиле мало дете и дека треба да плати за да не бидат пријавени во полиција.
Според пријавеното, откако се договориле, ги однела на договореното место, а откако ја слушнала ќерка си сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
04.09.2025 - 16:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа