ФОТО: Македонскиот пејач ги објави резултатите од тестот за коронавирус - „Луѓе, држете дистанца, носете маски и чувајте се“

 

Македонскиот млад пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски две недели беше во изолација поради коронавирус, а сега повторно направи тест и на социјалните мрежи соопшти дека е негативен.

„Корона чао. Конечно после 16 дена заврши и ова зло… Го победив “COVID 19” (Корона Вирус)!!! 2 НЕГАТИВНИ ТЕСТА!!! Луѓе, држете дистанца, носете маски и чувајте се“, напиша тој во описот на фотографијата од тестот.

Да потсетиме, мајката на Здравкоски, Софче Џорлева исто така беше заразена со корона, а по две недели лекување на инфективна клиника таа ја победи битката со вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега