ФОТОГАЛЕРИЈА: Погледнете како изгледаат новите 20 км од автопатот Кичево - Охрид
Денес, заедно, сведочиме на нешто што за многумина веќе делуваше невозможно. Ова не е само пуштање во употреба на автопатска делница, туку ова е момент на враќање на вербата, доказ дека кога ќе ја преземеме одговорноста со чиста совест и искрена намера, тогаш промените се случуваат, изјави денеска премиерот Мицкоски.
„На овој потег, на делницата Пресека-Песочани, денес се вози по нов автопат. Само една година откако ја презедовме одговорноста да ја водиме државата, успеавме да го откочиме еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти во Македонија. Проектот кој со години стоеше како симбол на застој, како срамна слика за држава што тапка во место, денес е симбол на новото време. Седум години траеше чекањето, ветувањата без дела, бесцелното трошење време, пари и нерви на граѓаните. Седум години нерасчистени имотни односи, променети проекти, нефункционални институции и недомаќинско работење. Денес, само една година откако ја добивме довербата од народот, докажуваме што значи вистинско работење- со дела, не со зборови. Секој метар од овој автопат е изградeн со напорна работа, но и со јасна волја за напредок, волја да се стави крај на неуспесите од минатото. И не застануваме тука- следната година, автопатот Кичево- Охрид ќе биде целосно завршен и ставен во функција. И тоа нема да биде случајна победа, туку планиран успех- резултат на вредна, секојдневна, одговорна работа, дополни премиерот.
Во продолжение погледнете како изгледаат првите 20 км од автопатот Кичево-Охрид кои денеска беа пуштени во употреба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа