ВМРО-ДПМНЕ со контра обвинување: Поим за криминал е СДС
Поим за криминал е СДС. 8 години Спасовски и СДС не мрднаа со прст во справувањето со борбата против криминалот, туку напротив учествуваа во неа. Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по денешното барање на СДСМ за оставка од првиот човек на македонската полиција Панче Тошковски.
„Патем тоа може да се види по сликите кои функционерите на СДС ги имаа со криминалците од Беланоца, Барон, Грчец и други.
СДС и Спасовски беа немоќни и молчеа за криминалот, и кога луѓе се удираа од пајаци, кога автобуси возеа без технички преглед или пак кога луѓе правеа криминали бидејќи беа блиски до СДС и ДУИ.
Нема еден човек-функционер на СДС кој не е поврзан со некаков сомнеж за криминал или корупција“, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа