Гужва на граница: Колони на Табановце и Богородица
На граничните премини во земјава денес има засилена фреквенција на возила и се бележат поголеми задржувања. На преминот Табановце, за влез во Македонија се чека и до 30 минути, додека на Богородица, за излез од државата, колони возила создаваат чекање од околу 20 минути. На останатите гранични премини сообраќајот се одвива релативно нормално и без подолги задржувања.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патиштата низ државата е зголемен поради летниот период и туристичките патувања, но се одвива без застои, по суви коловози. Се апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да внимаваат на сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде постои опасност од одрони, како што се Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа