Хорор во Карпош: Со пиштол и се заканил и ја натепал по што и го украл телефонот
Вчера во 02:30 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.А.(43) од Скопје, по претходна пријава дека на 09.07.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, со закана со огнено оружје и со употреба на физичка сила и го одзел мобилниот телефон на неговата поранешна 27-годишна партнерка од Скопје.
Од Ф.А. се одземени еден пиштол и куршуми.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
11.07.2025 - 16:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа