Мицкоски: Долно Лисиче добива спортска сала и нова водоводна мрежа

 


Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од започнувањето на изградбата на новата спортска сала во училиштето во Долно Лисиче, Општина Аеродром. Тој нагласи дека овој објект, кој ќе биде завршен за 10 месеци, ќе им овозможи на повеќе од 200 деца да се занимаваат со спорт и да се дружат.

„Денес сум среќен што поставивме камен-темелник за објект кој ќе биде место каде што повеќе од 200 деца ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе го градат својот дух. Сигурен сум дека колку повеќе вакви објекти, толку поздраво општество ќе имаме“, изјави Мицкоски.

Тој им честиташе на градоначалникот, советниците и администрацијата на Општина Аеродром за нивната работа и најави дека наскоро ќе започне и реконструкција на водоводната мрежа во овој дел од општината. Премиерот истакна дека Владата продолжува да работи на проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

14.05.2025 - 11:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега