ВМРО-ДПМНЕ: Таравари е уценет

 


Таравари да одговори со што е уценет, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ.

Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување. Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика. Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

14.05.2025 - 09:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега