Мицкоски: Идната недела ќе се знае кој доаѓа на местото на Таравари

 

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека идната недела ќе се знае како ќе изгледа неговиот кабинет по одлуката на Таравари да ја напушти Владата.
Тој денеска во изјава за медиумите не сакаше да открие никакви детали.
Рече дека во текот на наредната недела ќе се знае дали и кој од функционерите на Таравари ќе остане во Владата. Рече дека тогаш ќе се знае и дали некоја друга партија или пратеници ќе му се приклучат на мнозинството како и тоа дали ќе се менуваат ресори и колку министерски места ќе имаат коалиционите партнери.


14.05.2025 - 11:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега