Марија од кралското семејство зема 9.500 евра плата месечно - вака живее дадилката на идните кралеви
МаријаТереза Турион Борало е кралската дадилка која ѝ помага на војвотката Кетј Мидлтон и принцот Вилијам во воспитувањето на нивните три деца.
Приватниот живот на Марија е всушност работата, а за тоа добива 9.500 евра месечна плата.
Марија ќе го чува и бебето на принцот Хари и Меган Маркл.Кралските деца до 2014 година ги чувала Џеси Беб која ги растела и принцовите Хари и Вилијам. Кога наполнила 72 години, после строгите проверки ја заменила Марија Тереза. Дадилката завршила најпрестижни факултети, чие финансирање го покрило кралското семејство.
Дадилката живее со кралското семејство и мора да биде достапна цело време, по цел ден и ноќ. Во моментов живее со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, во нивниот апартман. Има и свој посебен дел джод домот каде што ѝ е овозможена приватност.
Освен грижата за децата, кралската дадилка мора да пере алишта, да ги шета кучињата и да подготвува здрава органска храна. Марија, како и повеќето кралски дадилки, никогаш не се омажила.
Постои непишано правило да ѝ се ообраќаат со „госпоѓо“ од почит. Кралските дадилки се дружат исклучително со аристократите, не смеат да се шминкаат, а од накит смеат да носат само дискретни обетки и нараквици.
Безбедноста на децата е на прво место, па така дадилката мора да има завршен курс за одбрана од напаѓачи. Еден од условите е да зборува повеќе јазици, да знае добро да вози и да биде пливачка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа