Возел пијан и веќе 5 години е без возачка дозвола - откриена причината за сообраќајката на Дарко Лазиќ

 

Дваесет и седум годишниот српски пејач Дарко Лазиќ кој доживеа сообраќајна несреќа во Суботиште-Брестач, се наоѓа во болница, а според најновите информации при несреќата бил во алкохолизирана состојба.

Анализата на крвта, која му е земена после несреќата, покажала дека имал 1,39 промили алкохол во крвта. Според втората анализа на крвта направена еден час подоцна, имал 1,30 промили алкохол во крвта.

Пејачот пред да се случи сообраќајката не го врзал појасот во возилото, а уште од 2013 година нема возачка дозвола, бидејќи му била одземена поради тоа што имал повеќе од 18 негативни поени, пренесува Пинк.

 

 

 

 

24.10.2018 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега