Путин на колена пред шарпланинецот Паша- ова се останатите неговите миленичиња (видео)
Рускиот претседател Владимир Путин на подарок од српскиот колега Александар Вушиќ го доби шарпланинецот Паша.
Ова е четврто куче кое Путин го добива од лидерите на други земји.
Рускиот претседател кој ги обожува животните, а посебно кучињата, падна на колена пред Паша кој му ги возврати симпатиите и се препушти на галењето.
Путин долго ја имал лабрадорката Кони, која била негово омилено куче. Таа живеела во Кремљ од 1999-та до 2014-та година, а претседателот Кони редовно ја водел и на своите дружења со колегите државници.
Својата миленичка ја донел дури и во салата за состаноци при средбата со Ангела Меркел, иако добро знаел дека германската канцеларка има паничен страв од кучиња. Многумина тоа го прочитале како "дипломатска игра во КГБ стил" и покажување на моќ.
Владимир Путин во 2012-та година добил и куче од расата акита од премиерот на Јапонија. Владимир Путин своето куче, кое се нарекува Јума, го повел при посетата на јапонската делегација минатата година, за да им покаже дека "кучето кое му го подарил Шинзо Абе пораснало". Го претставил пред новинарите како свој чувар.
Премиерот на Бугарија во 2010 година му подари кученце Бугарски овчар кое толку го разнежни Путин што не можеше да престане да го гушка, а цела Русија учествуваше во неговото именување, на крајот е наречен Бафи, по предлог на 5- годишно дете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа