Ни Цеца не беше поштедена; „Кој и да стои зад оваа подмолна игра ќе биде спречен“
Светлана Цеца Ражњатовиќ се најде во проблем кога нејзиниот тим забележа вртоглав раст на следбеници на социјалната мрежа Instagram. Таа е свесна дека ова е "нечија подмолна игра" па побара ова да го решат надлежните за оваа социјална мрежа.
Имено, 50.000 од нив почнале да го следат нејзиниот профил во рок од само 24 часа и таа веднаш решила да реагира и да спречи некој да ја злоупотребува неа и нејзиното име и да и направи "вештачката средина", како што таа самата напишала. Во договор со луѓето кои управуваат со профилот, таа контактирала со Инстаграм за веднаш да ја исправи оваа грешка.
"Драги мои, денес се случи вештачки скок од педесет илјади нови следбеници на мојот профил на Instagram. Не знам кој стои зад тоа, не сакам купување вештачката средина, токму затоа се обративме до Instagram. Кој стои зад оваа подмолна игра, срам да му е, верувам дека ќе биде запрен! ", напиша пејачката на нејзиниот профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа