Илда кажа што мисли за вонбрачниот син на татко ѝ: Тој е роден пред нас, немавме можност да бидеме во контакт
По појавувањето на погребот на Шабан Шаулиќ, неговиот вонбрачен син Роберт Омљев стана фокус на медиумското внимание.
Тој на новинарите им рекол дека никогаш не комуницирал со членовите од семејството Шаулиќ.
-Не се јавив кај сопругата на мојот татко, ниту кај полусестрите и полубратот. Болката е голема, но ние никогаш не бевме во контакт. Едноставно, немавме никаков однос. Не е сега време да зборувам за тоа, можеби некогаш ќе проговорам, но сега тоа е неумесно - рекол Роберт.
Неговата полусестра, Илда Шаулиќ одамна за Телевизија Хајат каков е нејзиниот однос со Роберт.
-Ние никогаш немавме можност да бидеме во некаков контакт. Тој е роден пред нас и пред мојата мајка да се омажи, така што немаше прилика. Тој има свое семејство и јас му ја посакувам цела среќа на овој свет - рекла Илда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа