Лила повторно мета на „крадци“: Нејзина фотографија се најде на реклама за очила без нејзино одобрение

 

Познатата македонска ТВ водителка, Лила Филиповска повторно е мета на „кражба“.

Имено неименувана интернет страна без одобрение на Лила зема нејзина фотографија од Инстаграм на која водителката позира со брендирани очила за сонце и ги претставува како евтино парче од само 6 долари.

Фотографијата  веднаш осамна на нејзиниот Инстаграм профил а Лила стави до знаење дека не ебаш среќна поради тоа, па напиша дека по легален пат ќе се бара решение за ова.

 „ Оваа слика е земена од мојот Инстаграм профил без мое одобрение. И овие наочари се Том Форд од „Zeiss Monokl„ а не некоја измислена фирма од 6 долари. Се надевам дека мојот адвокат ќе успее да го реши ова по легален пат„ напиша Лила.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2019 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега