Ова е жената која Флинт ја сакал: Се заљубил лудо и се оженил иако не се разбирале (фото)
Веста за смртта на 49-годишниот фронтмен на групата Продиџи, Кит Флинт, го потресе светот. Флинт е пронајден мртов во својот дом во Есекс, а причината за смртта сѐ уште не е позната.
Последните години од животот, Кит живеел на село, далеку од градскиот метеж. До 2017 година водел и локален паб, а живеел заедно со својата сопруга која ја обожувал.
Флинт од 2006 година бил оженет со јапонската диџејка Мајуми Каи. Тие се запознале на турнејата на Продиџи во Јапонија и се венчале на Божиќ. Првите три месеци слабо се разбирале бидејќи Мајуми не говорела англиски јазик, но биле бескрајно заљубени еден во друг.
Флинт ја нарекувал “госпоѓа Ф” и наводно бил импресиониран од нејзините диџејски вештини. Таа му била неверојатно секси поради комбинацијата од атрактивниот изглед и начинот на живот кој го водела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа