Карлеуша скршена од болка го изгуби и гласот

 

Јелена Карлеуша е скршена поради смртта на нејзината мајка Дивна. Ги откажа настапите и учеството во „Ѕвездите на Гранд“, но само привремено, па по се изгледа дека се враќа на сцената многу побрзо од што се очекуваше.

- „Карлеуша е одличен професионалец во својата работа и таа е свесна дека и во оваа голема болка не е добро подолго време да се повлече од сцената, зашто постојано и подолго ќе страда. Потребно и е друштво во оваа тешка ситуација, бидејќи осаменоста може да предизвика депресија. И треба нешто што ќе и ги оттргне мислите од големата трагедија, па веднаш штом ќе застане на нозе, ќе се обиде да се врати што е можно поскоро во жирито на музичкото талент шоу „Ѕвздите на Гранд“ – вели еден извор кој додава дека пејачката нема веднаш да почне со настапи.

Сепак, Јелена од тага и болка го изгубила и гласот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2019 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега