Разводот одекна како бомба: Коки се разведе па се врати на поранешната девојка

 

Пред неколку месеци во медиумите се појави веста  дека се разведува македонскиот музичар Коки Јанков од сопругата Росана, а по разводот, се исели од станот и се смири со поранешната девојка.

Како што пренесува естрадниот магазин Ексклузив, Коки се вратил на својата стара љубов односно девојката со која била во врска пред Росана, адвокатка од Скопје.

Коки и адвокатката биле во врска четири години пред тој да се ожени со Росана, а како што пренесува и магазинот тие веќе месец дена живеат заедно. Самиот ја потврди веста за Ексклузив.

- „Да, да потврдена е информацијата лично од мене. За вас новинарите секогаш сме биле тука, па се надевам дека ќе останеме во добар контакт“ изјави Коки додавајќи дека ќе му требаат 5-6 емисии да објасне зошто пукнал бракот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега