„Леле мајко, што ме снајде“ - српскиот пејач се запрепастил кога слушнал дека монструмот од Нов Зеланд слушал негова песна

 

Австралискиот екстремист Брентон Тарант пред да пука во џамија во Нов Зеланд ја слушал песната „Златиборе висока планино“ на Ера Ојданиќ. Ојданиќ се запрепастил кога слушнал за масакрот.

– Леле мајко, што ме снајде? Терорист од Нов Зеланд ја слуша мојата „Златиборе, висока планино“. Ова е страшно… ова е ужас! Не можам да верувам. Кога ја слушнав на телевизија мојата музика, кога најавија дека се убиени 39 луѓе и десетици се ранети… Што можам да кажам? Многу ми е жал! Моето искрено сочувство на сите семејства од Нов Зеланд кои ги изгубија своите најмили во џамијата – рекол Ојданиќ за српски „Курир“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега