Денеска е спомен на светите 42 маченици во Амореја: Се обидуваа да ги натераат да се одречат од Христос, но не успеаја

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 март.

Денеска е Св. 42 маченици во Амореја.

Во деветтиот век, за време на византискиот цар Теофил, Сарацените го нападнаа и освоија градот Амореја, во Мала Азија.

Заробија многу луѓе, меѓу кои и овие 42 војсководци. Нив ги држеа в затвор седум години, а за тоа време многупати се обидуваа да ги натераат да се одречат од Христос и да го признаат мухамеданството.

Заради нивната истрајност во верата, тие најпосле беа погубени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2019 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега