Март е кобен месец за Карлеуша: Требаше да се омажи за него, а го изрешетаа со калаши

 

Овој месец март на Карлеуша и ја донесе најголемата болка, кога почина нејзината мајка, радио-водителката Дивна Карлеуша.

Таа сеуште не е опоравена од несреќата, ја исече косата, постојано е во црно и не излегува од дома.

Месец март пред многу години исто така беше кобен за пејачката, кога почина нејзината голема љубов и вереник, Зоран Давидовиќ Чанда, кој беше изрешетан додека се враќаше од погреб.

- Кога ме виде и тргна со мене како да доби на Бинго, изјави Чанда во минатото за јелена, и призна дека таа е поубава од него иако важи за шмекер, постојано шегувајќи се за нивната љубов.

На 23. март вереникот на Карлеуша и нејзина голема љубов, беше изрешетан во автомобилот Ауди. Насилниците пукале со калаши кон него. По трагедијата на јелена и требаа години за да застане на нозе.

Таа му посвети и песна на Зоран.

За неговата смрт го обвини Аркан и Цеца и почна војната меѓу нив.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега