Лукот може да биде опасен, а не здрав ако имате некои од овие 6 проблеми
Ако сте на терапија не би требало да земате лук без претходна консултација со лекар.
Според бројни студии, активното конзумирање на лук ги опушта крвните садови и го намалува крвниот притисок. Многу е ефикасен во намалувањето на нивото на холестерол (ЛДЛ). Го јакне имунолошкиот систем и е корисен за лекување инфекции. Здрав е, има неверојатен вкус, лесно се комбинира со различни јадења. Ако се јаде сиров предизвикува непријатен здив и киселини, меѓутоа, тоа најмногу зависи од телесната хемија на поединецот.
Колку е здрав толку може да предизвика и’ здравствени проблеми кај следните групи луѓе:
– Лукот има природни антикоагулациони својства и не треба да се комбинира со лекови за антикогулација – лекови кои се користат за лекување на проблемите со циркулцијата (ја разредуваат крвта и со тоа спречуваат настанување згрутчувања).Во спротивно може да дојде до крварење.
– Ако земате било какви лекови не би требало да земате лук без претходна консултација со лекар
– Доколку имате проблеми со црниот дроб и земате терапија лукот може да ја намали ефикасноста на истите
– Лицата со чувствителен стомак би требало да го одбегнуваат лукот бидејќи е тежок за варење
– Во период на бременост или доење не е препорачливо земањето лук
– Ако имате нормален или низок крвен притисок не би требало секој ден да јадете лук. Притисокот би можел дополнително да се намали и да предизвика компликации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа