ВИДЕО: Српскиот пејач фатен на дело - Сејо Калач снимен како краде телефон на бензинска пумпа

 

Сејо Калач е фатен како краде мобилен телефон и тоа на бензинска пумпа во Загреб. Тој чин е снимен од камера, а снимката е објавена на Курир.рс На снимката се гледа како момче кое купувало пред пејачот го остава својот мобилен телефон на каса додека уредно плаќа сокови.

Кога момчето заминува го заборава мобилниот телефон на каса, а на ред доаѓа Сејо Калач. Тој ги купува намирниците, а кога заминал само си го зема со себе и мобилниот телефон на момчето. Снимката е направена во септември минатата година, а дури сега е објавена во јавност.

Сејо Калач и претходно е познат како човек кој води неуреден живот. Живеел бурно, лудо, опколен со жени, алкохол, а пред две години беше фотографиран како лежи спие во ходник од зграда на скали. 

 

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега