Се за болеста која за малку ќе ја убиеше холивудката актерка - доаѓа без најава, а може да биде фатална

 

Емилија Кларк неодамна откри дека за време на снимањето на првата сезона на „Игра на тронови“ преживеала пукање на аневризма на мозокот, а потоа со операција ѝ било отстрането ново проширување на крвните садови. За каква болест станува збор , објаснува докторката Лилјана Бумбаширевиќ, од Одделението за ургентна неврохирургија во Клиничкиот центар на Србија.

Популарната Денерис Таргарјен од „Игра на тронови“ во авторски текст раскажала дека првата аневризма ѝ пукнала во 2011 година додека била во теретана, а дека докторите во 2013 година ѝ откриле нова која била на ивица на пукање. Првата операција не била успешна, па следувала втора.

Glumica je pobedila zdravstvene probleme

Аневризмата или проширената артерија најчесто е вродена аномалија и се јавува на местата каде се делат големите крвни садови во мозокот. Се нарекува и темпирана бомба што никогаш не се знае кога ќе експлодира. Повеќето мозочни аневризми не даваат никакви симптоми и најчесто се откриваат случајно за време на дијагностички процедури. Причините за развој на аневризма може да бидат генетски предиспозиции, атеросклероза која е дел од процесот на стареење, а голема улога играат и следниве ризик фактори: семејна историја, претходна аневризма, пол (жените имаат поголем ризик од мозочна аневризма за разлика од мажите), висок притисок, пушење…

Аневризмата се решава по хируршки пат, а во случај таа да прсне интервенцијата мора да се направи во рок од 72 часа. Денешното видео ги носи токму начините на кои зафатот може да се изведе. 

Пукањето на аевризмата најавува силни главоболки проследени со мачнини и губење на свест, болка и кочење на вратот. Стануѕва збор за едно од најсериозните церебрални заболувања, објаснува докторката.

Во најголем број случаи после едно крварење, следува и друго.

Последиците од пукањето на аневризмот зависат од тоа на кое место се јавува. Често се јавуваат психички промени во однесувањето на пациентот, во смисла, тој станува понервозен, раздразнет и анксиозен, напоменува професорката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега