Пејачот се огласи по страшната сообраќајка на неговиот син: „Нозете ми се отсекоа, срцето ми застана“
Синот на српскиот фолк-пејач Халид Муслимовиќ доживеа сообраќајна несреќа во германскиот град Мемингем, на оклу 120 километри од Минхен. За среќа, Енис и неговиот пријател поминале со лесни повреди.
Автомобилот во целост е смачкан, а наследникот му ја соопштил лошата вест на својот татко.
-Син ми ми се јави и ми кажа дека имал сообраќајна несреќа, па прво помислив дека сонувам. Ми рече дека има лесни повреди и дека е малку изгребан, а кога ми испрати фотографија од смачканиот автомобил, нозете ми се отсекоа, а срцето ми застана од страв. Никому не му е јасно како тој и неговиот пријател, кој не е виновен за несреќата, преживеале. Му благодарам на Бога што ми го сочува синот - изјавил Халид Муслимовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа