Британска компанија бара лице кое ќе патува по светот и ќе пробува храна - плата 4.800 евра, ова се условите

 

За годишна плата од 58.000 евра, „шефот на вкусовите“ 4 месеци ќе помине во земји како што се Индија, Кина, Турција, Чиле, Мексико и Јапонија, каде ќе запознава и открива нови, егзотични состојки и рецепти.

Британската компанија „Вибрант веган“ бара лице кое за 58.000 евра годишно ќе патува по светот и ќе дегустира храна.

На кандидатот ќе му бидат платени сите патни трошоци, сместувањето и храната како и 28 денови годишен одмор.

За годишна плата од 66.000 долари, „шефот на вкусот“ 4 месеци ќе помине во разни земји. Кандидатот мора да има најмалку 3 години работно искуство со храна или како готвач.

Компанијата „Вибрант веган“ е ориентирана на вегани. Од идниот вработен бараат да биде веган, но и да биде фокусиран на растителни состојки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2019 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега